Број на текстови објавени денес: 60

Адел е подготвена за судбоносното „да“

adel9

Познатата пејачка е заедно со Сајмон од 2011 година, а следната година им се роди синот. Според добро информирани извори, британските медиуми најавуваат веридба на двојката веќе до крајот на годинава.

Официјална потврда се уште нема, но Адел постојано изјавува дека нивната романса е „совршена љубовна приказна“. Чекорот кон венчавка би бил значаен настан во приватниот живот на славната Британка, по неверојатната година што ја имаше, во која собори многу рекорди и потпиша договор вреден 90 милиони фунти.

„Тие нема да викаат на сет глас, ни едниот од нив не е таков, ниту пак ќе ја видите Адел како шета со огромен дијамантски прстен“, открива извор кој сакал да остане анонимен и додава дека и Адел и Сајмон се подготвени за веридба и венчавка и дека се мошне возбудени поради тоа.

Во изминатите десет месеци, Адел имаше серија концерти на кои го претсави најновиот албум, кој се продаде во 25 милиони примероци. По толку деловни обврски Адел се радува што извесен период ќе помине со семејството.