Број на текстови објавени денес: 0

Агенцијата за медиуми го осуди нападот врз екипата на МРТ

%d0%b0%d0%b3%d0%b5%d0%bd%d0%b7%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bc%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d1%83%d0%bc%d0%b8

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува нападот врз новинарската екипа на информативната програма на Првиот телевизиски програмски сервис на Македонската радио телевизија, од страна на припадници и симпатизери на политичка партија.

„Посочуваме дека насилството врз новинарите е неприфатливо и претставува директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да се информира за актуелните општествено политички настани.Апелираме да се овозможат нормални и непречени услови за професионално работење на медиумите и медиумските работници“, стои во осудата.