Број на текстови објавени денес: 62

Австрија се подготвува за нов бран бегалци

download-4230

По заканите од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека ќе ги отвори границите за да може мигрантите да продолжат кон Европа, Австрија се подготвува за нов можен мигрантски бран.

Министерот за одбрана Ханс Петер Доскоцил нагласи дека Виена заедно со други централноевропски држави „ќе ја земе работата во свои раце“ и ќе упати австриски војници на надворешните граници на ЕУ.

Доскоцил вели дека ситуацијата како и во 2015 година може да биде драматична.

– Се подготвивме и можеме во рок од неколку дена да дејствуваме. Македонија веќе можеше да ги заштити своите граници, а ние мораме и ќе успееме во тоа, наведува тој во интервју за виенски Естерајх  пренесе Танјуг.

– Секогаш ја критикувавме ЕУ за договорот со Турција. ЕК како план имаше само надеж дека договорот ќе трае што е можно подолго. Турција не е доверлив партнер, изјави Доскоцил.

Тој вели дека од април предупредувал дека не може да се потпрат на Турција.

Министрите за одбрана на држави од централна Европа имаат намера да имаат заедничка заштита на границите. Унгарија, Чешка, Словачка, Словенија, Црна Гора и Македонија, Бугарија и Србија тоа го сакаат заедно со нас да го применат. Можеме да помогнеме во заштита на границите во Грција, но секоја држава мора сама да бара помош  нагласи Доскоцил.