Број на текстови објавени денес: 0

Австриските пензионери ќе добијат 100 евра помош

%d0%bf%d0%b5%d0%bd%d0%b7%d0%b8%d0%b8-%d0%b0%d0%b2%d1%81%d1%80%d1%82%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0

Пензионерите во Австрија оваа година ќе добијат еднократни дополнителни средства од 100 евра, договорено е на седница на Владата. Тоа е додаток на договореното зголемување на пензиите од 0,8 отсто. Тие дополнителни пари нема да бидат оданочени и ќе бидат исплатени без никакви одбитоци.

Претставниците на владејачките Социјалдемократската партија (СПО) и Народната партија (ОВП) бараа повеќе пари за пензионерите, а еднократните дополнителни средства ќе ја чинат државата 179 милиони евра.