Број на текстови објавени денес: 62

АВРМ: Возилото кое го возел Спасов е на Министерството за труд

%d0%b0%d0%b3%d0%b5%d0%bd%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%b2%d1%80%d0%b0%d0%b1%d0%be%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5

Агенцијата за вработување (АВРМ) се огласи во врска со сообраќајката што пред два дена ја направи дополнителниот заменик министер за труд и социјална  политика, Диме Спасов со возило на Агенцијата.

Од Агенцијата реагира и на денешната прес-конференција на техничкиот Министер за труд и социјална политика – Фросина Ташевска Ременски во која таа тврди дека возилото со кое е направена сообраќајната несреќа е на Агенцијата.

„Во октомври 2015 година меѓу министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување е склучен Договор, со кој Агенцијата за вработување на Република Македонија на Министерството за труд и социјална политика му отстапува расположливи технички средства, меѓу кои и расположливи службени моторни возила, освен оние возила кои се донација од ЕУ. За користење и управување со овие возила на Агенцијата, Директорот издал и соодветни Овластувања“,  стои во објаснувањето на АВРМ.

Од Агенцијата дополнуваат и дека  во надлежни институции постои документација од која јасно може да се констатира дека не станува збор за било каква злоупотреба од страна на Агенцијата.
„Сите преземени дејствија од страна на Агенцијата за вработување се поткрепени со соодветни докази и документација и не постои никаква злоупотреба на нејзиниот имот и средства“, стои во објаснувањето.