Број на текстови објавени денес: 55
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Шведска и официјално го прогласи Валенберг за мртов

%d0%b2%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%b1%d0%b5%d1%80

Шведските власти и официјално го прогласија за мртов херојот од втората светска војна Раул Валенберг.

Раул Валенберг, шведски дипломат кој пред 71 година исчезна во Унгарија, за време на војната помогнал на околу 20.000 евреи да побегнат од Холокаустот.

Се верува дека починал во заробеништво во Советскиот сојуз под неразјаснети околности.

Шведската служба, која регистрира раѓања и смртни случаи, потврди дека валенберг и официјално е прогласен за мртов.