Број на текстови објавени денес: 1
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Церар се закани дека ќе ја затвори словенечката граница за мигрантите

%d0%bc%d0%b8%d1%80%d0%be

Словенечкиот премиер Миро Церар не ја исклучува можноста за затворање на словенечката граница доколку тоа го направи Австрија, изјавувајќи дека во случај на нов мигрантски бран по балканската рута Словенија ќе ги преземе сите безбедносни мерки и ќе ги заштити шенгенските граници.

– Моја должност е грижа за безбедноста на нашите граѓани и заштита на шенгенските граници, а тоа го правиме. Ако Австрија ја затвори својата граница, истото ќе го направиме и ние, за да не бидеме џеб во кој ќе доаѓаат бегалците, истакна Церар.

Тој додаде дека неговата Влада дејствува проактивно за да не дојде до тоа, а во подготовка е и закон со кој ќе се ограничи правото за добивање азил.

На прашањето колку е реална опасноста од нов бегалски бран, Церар признава дека бројот на бегалците во Словенија е многу мал, но дека постоечките капацитети за мигрантите сепак се полнат, а локалните заедници не се согласуваат со отворање на нови.