Број на текстови објавени денес: 26

Хоџиќ до Димовски и Котевски: Приберете си ги „експертите“ кога зборуваат за Бошњаците

%d0%b4%d0%b7

„До Илија Димовски и Иво Котевски

Дај приберете си ги кандидативе и „експертиве“, нека не се глупираат кога зборуваат за состојбата на Бошњаците во Македонија!

Дечки, објаснете им на вашите „големи“ Бошњаци, што сте одлучиле да ги правите кандидати за пратеници, демек професори и политиколози, срамота е да не го знаат следново:

1) Поимот „помалите етнички заедници“ е дискриминаторски и понижувачки!

2) Едно е континуитет, а сосема друго е да си конститутивен народ!

3) Наставата на босански јазик во две-три училишта, што они гордо го споменуваат како аргумент, повеќе години ја држите како експериментална, а уште после првата требаше да биде редовна.

4) Во една реченица не се ставаат корумпирани и „застарени“ (што ли и да им значи ова) политичари, затоа што корумпирани и „застарени“ не е исто.

Знам дека не знаете кај ви е главата, те Диме Спасов играл ГТА низ град, те Сашо Мијалков оди по судови, те Латас ви е во паника од СЈО, но ова вашиве кандидати и „експерти“ почнаа да удираат по достоинството на десетици илјади Бошњаци кои живеат во Македонија. Секако ќе добијат одговор, сакаат писмено или усмено, сеедно! Важно е вие да им објасните, пошто вас ве слушаат, како чирак што слуша газда.

Секако, не би ме изненадило ако не реагирате, вие можеби веќе сте им ставиле во глава дека они се од „мала“ етничка заедница, башка уште ни должите изјаснување дали како партија го делите ставот на Чилиманов дека Бошњаците се бегалци, а можеби и они од благодарност кон вас веќе прифатиле да бидат кандидати на „избеглиците“, па и ќе почнат да пеат комитско-вмровски песни, наместо севдалинки. Затоа би сакал да остане оваа моја реакција, за да се знае кој бил во четници, а кој во партизани, ако ви е јасна и разбирлива оваа метафора.

 

(Фејсбук статус на Џељо Хоџиќ)