Број на текстови објавени денес: 42
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Хакери наречени „Кобалт“ „пробивале“ банкомати во Европа

hakeri-bankomati

Група киберпрестапници, нарачени „Кобалт“, од далечина „пробивале“ банкомати во над 10 европски држави годинава, тврди руската фирма за информациска безбедност Груп Ај-Би, пренесе БТА.

Компаниите Диеболд Никсдорф и Ен-Си-Ар Корп, двата најголеми светски производители на банкомати соопштија дека се запознаени со случајот и работат со клиентите за да ги намалат негативните последици.

– Тие луѓе знаат дека ќе ги брзо ќе ги фатиме, така што тие прават се за да земат пари од колку што може повеќе банкомати, образложува Николас Бие, директор на одделот за софтвер и безбедност на банкоматите во компанијата Диеболд Никсдорф.

Лани, преку летото слични хакерски напади и во Тајван и Тајланд, при што биле украдени приближно три милиони долари.

Руската фирма за информациска сигурност Груп Ај-Би не открива кои банки се нападнати, но посочи дека тие се наоѓаат во Ерменија, Белорусија, Бугарија, Естонија, Грузија, Киргизстан, Молдавија, Полска, Холандија, Романија, Русија, Шпанија, Велика Британија и Малезија.

Се претпоставува дека групата „Кобалт“ во содејство со друга добро позната хакерска „банда“ наречена „Бухтрап“, извлекле 1,8 милијарди рубли (28 милиона долара) од руски банки во периодот од август 2015 до јануари 2016 година.