Број на текстови објавени денес: 37
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Турските власти повторно апсат пилоти

turcija-pol-akcija2

Турските власти денеска издадоа наредби за приведување на 60 лица, меѓу кои има и пилоти, во рамки на истрагата против таканаречаната терористичка организација ФЕТО на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, соопшти турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Главното обвинителство во градот Конја, во централна Турција, издаде наредби за приведување на 60 припадници на турските военовоздухопловни сили од 19 округа.

Полициски екипи веќе презеле синхронизирани акции за приведување на осомничените.

Во меѓувреме, рано утринава беа лиферувани информации за бран нови чистки во земјата, информира ДПА.

Согласно ургенциите на Владата сменети се 1.988 воени лица и 7.586 полицајци. Затворени се над 550 асоцијации, 19 здравствени центри и девет медиумски групации.

Британските медиуми информираат и за кастрење на 5.000 службенички места во државните институции.

Според турските власти, групата ФЕТО, на муслиманскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој живее во Пенсилванија, САД, стои зад неуспешниот обид за преврат во земјата, што беше изведен на 15 јули.