Број на текстови објавени денес: 0
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Трамп телефонски разговарал со Меркел

trump-merkel

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска оствари телефонски разговор со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, соопшти Владата во Берлин.

Разговорите биле околу понатамошната соработка меѓу Берлин и Вашингтон, но во соопштението не се изнесуваат повеќе детали.

За вторник е најавена средба меѓу Меркел и актуелниот претседател на САД, Барак Обама.