Број на текстови објавени денес: 46
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Трамп влезе во овалната соба ВИДЕО

donald-tramp-barak-obama-foto

Американскиот претседател во заминување Барак Обама го пречека денеска во Овалната соба во Белата куќа, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, со што симболично ќе почне транзицијата на власта.

Средбата се одвива зад затворени врати, а, според познавачите, таа може да биде и делумно непријатна. Сепак, се очекува по завршување на средбата тие да се појават заедно пред новинарите. Тема на средбата е процесот за примопредавање на власта.

Трамп од Њујорк во Вашингтон пристигна со приватен авион, на кој е испишано неговот име и слета на аеродромот „Роналд Реган“.

Новоизбраниот американски претсдател во Вашингтон пристигна со својата сопруга Меланија, која, според најавите, треба да има приватна средба со првата дама Мишел Обама.