Број на текстови објавени денес: 87
LAKI HOTEL

Ташевска-Ременски: Потребна е поголема и посуштинска координација помеѓу институциите кои соработуваат по предметите за семејно насилство

15135957_1705875139729535_5454192804805762607_n

Министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски на одбележувањето на 25 ноември – Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените во рамки на меѓународната кампања за подигнување на свеста ,,16 дена активизам против родово насилство“, во свое обраќање потенцираше дека семејното насилство не треба и не смее да се игнорира од одговорните институции на сите нивоа и во духот на годинешниот слоган со кој се одбележува кампањата порача дека е време да се вклучиме за да го исклучиме насилството!

,,Време е сите заедно – владините и невладините институции, да пристапиме кон создавање на услови за исклучување на насилството врз жените и девојчињата, насилството во семејството и да го влкучиме алармот за запирање и поттикнување на насилството воопшто. Чинот на насилството претставува кршење на човековите права на жртвите, загрозување на неговиот физички интегритет и пречка за остварување на фундаменталните слободи и права”, рече Ташевска-Ременски во своето обраќање.

За жал таа констатира дека бројките укажуваат дека од 849 новo пријавени случаи на семејно насилство, 653 се жени и девојчиња и дека во 2016 година бројот на пријавени случаи  на семејно насилство е зголемен.  Според неа портокаловото светло на семафорот одамна свети и потсетува дека овие бројки на пријавени насилства треба да се намалуваат и да се воспостават прифатливи стандарди.

,,Она на што Министерството за труд и социјална политика треба да работи во иднина за да може да влијае на намалување на бројот на пријавени случаи на семејно насилство е зголемување на обуките, едукацијата и кампањите за превенција и спречување на семејнотото врз жените и девојчињата и насилството генерално. Дополнително треба да работиме на детектирање на случаи на злоупотреби на пријавите за семејно насилство во борба за предност за старателство врз децата на разведени родители”,  рече министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски. .

Таа потсети дека за прв пат семејното насилство во националната легислатива се воведе во 2004 година, и  во изминатиот  период правени се повеќе измени на законите,  донесен е и првиот системски Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, Протоколот за меѓусебна соработка на надлежните  на надлежните институции и здруженија за заштита и спречување од семејно насилство, како и Националната стратегија за спречување и заштита од семејно насилство 2012-2015 година, а новата Национална стратегија за спречување и заштита од семејно насилство е во подготовка и треба да биде идниот правец на движење во борбата против семејното насисислтво.

,,Но, и покрај законските основи се чувствува недостаток на поодлучно вклучување на институциите согласно постоечката легислатива која им дава мандат за преземање на мерки и механизми на заштита. Праксата во постапувањето покажува дека е потребна поголема и посуштинска координација помеѓу институциите кои соработуваат по предметите за семејно насилство. Невладините организации кои будно не следат на овој план се уште не се уверени дека, владнините институции го прават максимумот за решавање на проблемите со кои се соочуваат во тоа дека тие се цврст гарант за заштита на жртвите од семејно насилство”, рече Ташевска-Ременски.

16-те дена активизам за борба против семејното насилство и вклучувањето на Македонија во глобалниот повик за активизам под мотото „Да го обоиме светот во портокалово: Да ставиме крај на насилството против жените и девојчињата“, која пак годинава не повикува да се ,,вклучиме за да го исклучиме насилството” врз жените и девојчињата, е одлична прилика уште еднаш сите заедно да се запрашаме до каде сме, што сме направиле, а што сме можеле и подобро да го направиме за да им дадеме поголема поддршка и помош на жртвите!

,,Да се вклучиме и да не бидеме неми сведоци на насилството, туку сите заедно да помогнеме да го исклучиме и искорениме ова зло. Да не бидеме неми сведоци на тортурите што ги трпат жените и девојчињата, посилно да го кренеме гласот и да не ги чекаме овие 16 дена туку 365 дена во годината да работиме на подигнувањето на јавната свест. Само така ќе успееме да влеземе во сечиј дом и во сечиј живот бидејќи понекогаш е доволен само еден збор свеста да се разбуди – само еден збор да се излезе од кругот на насилство, а денот да се дочека во бојата на изгрејсонцето!”,  порача минмистерката за труд за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски.

Свое обраќање имаа и Постојаниот координатор на ОН, Луиза Винтон, Раководителот на секторот за политички прашања на ЕУ, Лукаш Холуб,  Амбасадорот на САД, Џес Бејли, Амбасадорката на ОБСЕ, Нина Суомалаинен

Инаку, меѓународна кампања за подигнување на свеста „16 дена активизам против родово насилство“, се реализа со цел поттикнување на активности за елиминирање на насилството врз жените и девојчињата ширум светот. Кампањата се одржува секоја година во текот на 16 дена во периодот помеѓу 25 ноември – Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените и 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права. Актовносите се одвиваат под мотото „Да го обоиме светот во портокалово: Да ставиме крај на насилството против жените и девојчињата“ и токму затоа годинава Скопско кале светна во портокалово како поддршка на кампањата.