Број на текстови објавени денес: 0

Судот му го одзеде пасошот на поранешниот шеф на Петата управа Горан Грујоски

Osnoven_sud_Skopje1_14maj15-Plusinfo(1)(2)

На поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујоски му е одземен пасошот. Судија на претходна постапка го одби предлогот на Специјалното обвинителство, кое бараше притвор за Грујоски, наместо тоа му е одземена патната исправа, јави Телма.

Горан Грујоски е осомничен во случајот „Тврдина“, дека го организирал уништувањето на опремата за прислушување во МВР. Освен него, во случајот Тврдина, осомничена е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и уште три лица вработени во МВР.

Грујоски и Јанкулоска денеска беа на распит во Кривичниот суд во Скопје.