Број на текстови објавени денес: 41
DVE-LIRI-Baner6-970x90

СПАСОВ НЕ СЕ ПОЈАВИ НА РАБОТА – ОСТАВКАТА ВО РАЦЕТЕ НА ЕМИЛ ДИМИТРИЕВ?!

4fdc93c511441690793fca08276e0d85_l
Заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов не се појавил  денес на работа ексклузивно дознава Centarnews.
Официјално не се знае причината за неговото отсуство, но се шпекулира дека Диме Спасов ќе поднесе неотповиклива оставка поради скандалот што го направи викендов, кога возел пијан со службено возило на Агенцијата за вработување, притоа оштетувајќи неколку возила.
Извори дд ВМРО-ДПМНЕ не сакаа да прејудицираат за можната оставка на Спасов, но тврдат дека владеела огромна нервоза во партијата поради неможноста да ја „средат“ работата. Имено денеска во 14:00 часот, во просториите на Министерството за труд и социјална политика, министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски ќе одржи конференција за медиумите.
Бродот на врхушката на ДПМНЕ тоне побрзо од предвиденото. Дали уште еден екс министер ќе му каже збогум на Груевски, кога сега се е во рацете на премиерот Емил Димитриев?!
Спасов удирал автомобили на граѓани, а можело да бидат деца, луѓе, ја лажел полицијата, ја оставил својата сопатничка на улица за да избега! Избегал и од полциијата! Диме Спасов е примерок од аздисаното, разулавено, криминално владеење на актуелната власт и ако не одговара ќе биде порака дека во оваа земја секој може што сака да прави.
СДСМ смета дека Спасов не смее повеќе да се појавува до деца во градинките, во социјалните центри, ниту има повеќе морално право да говори за права и одговорности на граѓаните