Број на текстови објавени денес: 31

Спасов ем бегал од вооружени криминалци ем пробал да разговара со нив (ВИДЕО)

dime4

Смислено сценариo и криминално полициска местенка за да се наштети на мојот углед, вака Диме Спасов во ексклузивното интервју за ТВ Нова го оцени инцидентот кој се случи во петокот, а за кој МВР го сомничи дека учествувал во две сообраќајки.

– Ми беше многу тешко во овој период, а сега чувствувам олеснување зашто имам можност да ја кажам вистината – рече тој.

Објасни дека во петокот околу 23 часот возејќи по Илинденска на семафорите кај ЗОО додека чекал да се запали зелено светло наеднаш неговото возило било нападнато од непознато лице.

– Тропаше на вратите и почна да се заканува по мојот живот. Чувствувајќи се загрозен по мојата безбедност, почнав да возам – рече тој.

Во уличката каде што запрел во населбата Тафталиџе, како што рече, имало контакт со друго возило.

– Бегајќи од напаѓачите се направи мал контакт. Се извинувам на госпоѓата, жалам за причинетета штета и ќе ја надоместам – рече тој.

Спасов вели дека кога застанал видел како од едното возило излегле лица со оружје, кои како што рече го нападнале два пати на две раскрсници и се обиделe да го извадат од возилото.

– Се обидов да разговарам со вооружените лица. Наеднаш бев нападнат и бев втурнат врз возилото кое го управував. Досега не сум имал работа со криминалци и со ништо не сум заслужил да биде вперен пиштол во мене. Тогаш се појави полициско возило и напаѓачот се повлече. Во таква тензична атмосфера, каде бев следен и на два пати да бидам физички нападнат и со впиштол вперен во мене, заклучив дека се работи за криминално политичка конструкција. Токму поради тоа се одлучив да го напушам местото – вели Спасов.

Тој вели дека не е вистина дека удрил во „пасат“, зашто како што вели, такво нешто не осетил.

– Можеби сум се разминал со возилото, но не почувствував дека имало контакт – рече тој.

На прашањето зошто користел службено возило на Агенцијата за вработување тој рече:

– Го користев врз договор за техничка соработка и се е согласно закон. Министерката Ременски ми нема обезбедно службено возило и немам канцеларии за мојот кабинет. Ременски не ми овозможи услови за работа – се пожали Спасов.

– Ова нема и не смее да ме скрши. Нема да дозволам со црно сценарио да се наштети на угледот на една личност. Ќе продолжам да работам во интерес на граѓаните – порача тој.

Во ексклузивното интервју, Спасов не беше прашан за сопатничката, која на полицијата ѝ потврди дека била со заменикот министер во возилото.