Број на текстови објавени денес: 59

Спасовски: На 11 декември ставаме крај на уништувањето на економијата (ВИДЕО)

%d1%81%d0%bf%d0%b0%d1%81%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d1%93%d0%be%d1%80%d1%87%d0%b5-1

И тука во Ѓорче Петров како и во остатнатите општини граѓаните бараат промени. Потребни им се промени кон подобро бидејќи десет годни се борат со нискиот стандард, иселувањето и сиромаштијата. Овие три нешта станаа заштитен знак на владеењето на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ, рече на митингот во Ѓорче Петров, вечерва носителот на листата во Изборната  единица 2, на коалицијата на СДСМ, Оливер Спасовски.

-Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја уништија економијата, го урнисаа здравството и ја девалвираа секоја професија. Неможејќи да го издржат таквото владеење многу наши сограѓани решија да си заминат од овде. Оние кои останаа едвај преживуваат, додека фамилијата трупа пари на приватни сметки на рајските острови – рече Спасовски и ги објасни мерките кои ги предвидува Програмата на оваа коалиција..

Една мерките, како што рече Спасовски, е навремена исплата на обврските од државата.

-Ќе ги вратиме долговите кон домашните фирми! Во првите 100 дена јавно ќе објавиме план и јасни рокови за нивно плаќање.Ќе им помогнеме на фирмите во проширувањето на капацитетите. Државата ќе финасира 25 отсто од збирот на инвестицијата и бруто трошокот за нови работни места.Ќе воведеме поволни микрокредити за отворање мали компании со само еден процент камата за кредит до 15 000 евра. За оние фирми со помалку од 5 вработени, ќе ги намалиме трошоците за фирмарина рече Спасовски.

Тој додаде дека основна цел на коалицијата е  да ги направи посилни домашни компании за да имаме посилна економија.