Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

СПАРТАНЕЦОТ Георгиевски: Проблем беа листите, не коалицирањето со ВМРО-ДПМНЕ

%d0%b3%d0%b5%d0%be%d1%80%d0%b3%d0%b8%d0%b5%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-2

Љубчо Георгиевски лидер на ВМРО-НП, во Топ тема на телевизија Телма, изјави дека за запирање на преговорите со  десниот блок не било прашањето за коалицирање со ВМРО – ДПМНЕ.

-Во преговорите што ги имавме со Павле Трајанов и Јове Кекеновски ни еднаш не беше поставено ова прашање кое тие велат дека тоа е проблемот. Проблемот се листите. Сведок ми е Љубе Бошковски и дванаесетте луѓе што преговараа – рече Георгиевски.

Георгиевски изајви и дека  ништо не му должи на СДСМ, и дека ВМРО-НП е посебен политички субјект.

-Јас не му должам ништо на СДСМ. Напротив, ако треба така да разговараме, јас ќе потпишам дека нема да правам коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, ако потпишат една декларација во која ќе му се извинат на Љупчо Георгиевски за се што му направија во изминативе години – рече Георгиевски.

Георгиевски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ му понудиле, „многу добар пакет” за изборна коалиција, но како што рече, во Извршниот комитет на партијата предлогот бил надгласан и отфрлен.

Тој изјави дека  може да помогне за решавање на отворените прашања со Грција, и Бугарија.

– Останав во добри односи со некои политичари во Грција и Бугарија. Можам да искористам дел од тие врски за да Македонија оди напред. Сите наши соседи одат напред, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, а ние останавме последна црна дупка – рече Георгиевски.

Смета  дека во Македонија треба да се внесе дух на помируање, затоа што две години има криза.