Број на текстови објавени денес: 31

Совршена Американка: Оваа жена ќе владее со САД, а не е Меланија ФОТО

_92379948_ivankaandmelaniaafp

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, до својата 70-тата година успеал да создаде не само успешен бизнис и корпорација вредна повеќе милијарди долари, туку и големо семејство. Негова најголема гордост е, несомено, ќерката Иванка.

Иванка Трамп е совршен пример за современа Американка. Во 35-тата година таа е среќна жена и мајка на три деца, успешна деловна жена, голем филантроп и успешна писателка. Нејзиното име е познато во целиот свет, а за неа пишуваат пофалби како модните, така и деловните медиуми. Притоа, не се оценва тоа колку родителите потрошиле на „златната ќерка“, туку колку профит таа ѝ донела на организацијата „Трамп“. Довербата која Трамп ја има во ќерката е безгранична, а токму нејзе ѝ ги доверува склучувањето на најважните договори.

Медиумите и политиколозите ја нарекуваат „Трампова ѕвезда“ која ги донесе републикнаците до победа на овие избори. Иванка со сите сили ја поддржуваше кампањата на својот татко, активно учестуваше во неа, привлекувајќи ги на неговата страна неодлучните гласачи. Во врска со тоа, токму таа, а не Меланија, сопругата на Трамп, во наредните четири години ќе биде вистинска прва дама на САД.

Иванка со највисока оценка го заврши Економскиот факултет во Пенсилванија и подоцна го употребила знаењето при работењето во големи корпорации, и при основањето на сопствената фирма.Благодарение на убавиот изглед, Иванка на крајот на 90-тите година почнала кариера на фотомодел. Сепак, со тек на времето оваа сфера престанала да ја интересира и по завршувањето на студиите, ќерката на милијардерот целосно се префрлила на работење во големите компании и корпорации во кои заземала високи функции.

На 26 години стана потпретседателка на корпорацијата на својот татко, „Организација Трамп“, и до денес е на таа функција. Иванка создала и сопствена марка накит „Иванка Трамп“, која подоцна почнала да се занимава и со креирање и облека и чевли. Западните медиуми често ја нарекуваат пример на совршена жена. Во своето интервју таа зборува како да се дојде до целта, да се успее во бизнисот и притоа да се одвои време за сопственото семејство.

Иванка во 2009 година се омажи за њујоршкиот медиумски магнат Џерад Кушнер. По вклучувањето на бракот, таа ја промени религијата – од протестанската вера помина во јудизам, религијата на семејството на нејзиниот сопруг, пришто доби еврејско име Јаел. Во овој брак Иванка роди два сина и една ќерка.