Број на текстови објавени денес: 31

Славните го оплакуваат поразот на Клинтон: Кој ќе побегне од САД по победата на Трамп ФОТО

17486542195822d40c6c791346019574_v4_big

Многумина, вклучувајќи актерка ги Лена Данам, пејачката Мајли Сајрус и комичарката Ејми Шумер, рекле дека ќе ги напуштат САД ако Доналд Трамп биде избран за претседател.
Инаку, емиграциониот сајт на Канада „падна“ неколку пати откако се променија прогнозите за резултатот на претседателските избори во САД кој сега му дава предност на Доналд Трамп.

Канада официјално на својот профил на Твитер ги повикува имигрантите „да ја донесат својата културна традиција и да ја споделат со другите граѓани“.

Славната пејачка и актерка Шер во синоќешното интервју изјавила дека се чувствува „како да изгубила некого од семејството“.

– Видов дека ова се случува уште со Брегзит. Тогаш бев во Лондон и видов што ќе се случи. Упорно им велев на луѓето дека ова е како Брегзит. Трамп е Брегзит. Тоа е неверојатно. Живеев во ерата на 12 претседатели и никогаш не сум видела никој како што е тој – рекла Шер.

„Разбирам зошто светот е згрозен што тој ќе биде претседател на САД“, напишала Шер.

Другите холивудски ѕвезди своето незадоволство во текот на претседателските избори, како и по победата на Трамп го изразија на социјалните мрежи.

„Што се случува???“, напишала Ева Лонгорија на Снепчет.

„Молете се за САД“, напишала Леди Гага.

„Позитивната страна на сето ова е што повеќе не мора да се претвораме дека сме слободни од расизмот и сексизмот“. Прашањето е „Што да правиме сега?“, напишала актерката Џесика Честејн.

„Некој нека ми даде надеж“, твитнала комичарката Сара Силверман.

„Ова е национална трагедија“

Многумина од славните ѕвезди најавија дека ќе ја напуштат Америка доколку победи Трамп

„Купив куќа за секој случај во друга држава“, напиша своевремено водителката Челси Хендлер. Истото го мисли и комичарката Ејми Шумер: „Ќе се преселам во Шпанија, бидејќи сакам да научам шански, но некаде на друго место.“ Додека, пак, Шер напишала на Твитер дека „ако Трамп биде избран, ќе се пресели на Јупитер“.

Голем обожавател на Хилари Клинтон Кејти Пери отки дека нејзините родители гласале за Трамп, но ги повика гласачите да не брзаат и да гласаат за Клинтон.

– Прво, ако сте во земјата и го гледате ова, а вашите изборни места и понатаму се отворени, мора да гласате за Хилари Клинтон – рекла пејачката. Кејти Пери настапуваше во неколку наврати во кампањата на Клинтон, но синоќа не успеа да ја разведри со својата песна траорната атмосфера во штабот на кандидатката на Демократската партија.