Број на текстови објавени денес: 0

Скриената порака на фустанот на Мишел Обама на средбата со Меланија Трамп ФОТО

misel-obama1

Сè уште актуелната прва дама на Америка, Мишел Обама ја дочека во Белата куќа идната прва дама Меланија Трамп за да ја запознае со сите предизвици коишто ги донесува оваа позиција.

Иако двете дами размениле многу љубезни реченици, многумина пронашле скриено значење зад облеката што ја носела Мишел Обама.

Имено, таа за оваа прилика облекла виолетов фустан, а во истата нијанса била облечена Хилари Клинтон за првото обраќање по поразот на изборите.

Инаку, виолетовата боја се карактеризира како боја на тага и жалост, а се шпекулира дека токму затоа овие две дами облекле фустани во оваа нијанса.

Мишел никогаш порано не носела фустан во оваа боја, па сомнежите дека е во „жалост“ поради доаѓањето на семејството Трамп уште повеќе се изразени.