Број на текстови објавени денес: 59

Ски центарот Кожуф оди во стечај

%d0%ba%d0%be%d0%b6%d1%83%d1%84

Основниот суд во Велес отвори стечајна постапка за фирмата што требаше да го изгради најголемиот скијачки центар на планината Кожуф, во јужна Македонија, објави Дума.

Стечајниот судија Валентина Ѓорѓиевска го прифати барањето на поранешни вработени во ски центарот за отворање на стечајна постапка. За стечаен управник е именуван Богољуб Макревски.

Испитното рочиште и извештајното собрание се закажани за 11 јануари 2017 година.

Ски центарот Кожуф започна да се гради во 2000 година а седум години подоцна се случи првото скијање на патеките. Инвеститорот потроши  20 милиони евра за неговата изградба, но општините Кавадарци и Демир Капија во текот на овие години не успеаја да го изградат патот до ски центарот.