Број на текстови објавени денес: 0

СКАНДАЛ:ОБВИНИТЕЛОТ ВОИСЛАВ ДИМОВСКИ ЗА КОГО УБИСТВО И ОБИД ЗА УБИСТВО СЕ ГОНАТ ПО ПРИВАТНА ТУЖБА!!

dimoski

„Јавно обвинителскиот партиски огранок на ВМРО ДПМНЕ“ во Охрид , партиско поставениот јавен Обвинител Воислав Димовски донел РЕШЕНИЕ СО КОЕ ЈА ОТФРЛА КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА ЗАВЕДЕНА СО РЕЗОЛУЦИЈА НА ОСНОВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ПРОТИВ ТОДОРОВСКИ НАУМЕ И ТОДОРОВСКИ СИМОН И ДВАЈЦАТА ОД С.ЛЕСКОЕЦ,ЗА КРИВИЧО ДЕЛО УБИСТВО,ПО Челн 123 Ст.1 од кривичниот Законик, бидејќи пријавеното дело не е дело кое се гони по службена должност-Вака стои во решението на Основниот Обвинител Воислав Димовски од Охрид , во врска Кривичното дело Обид за Убиство врз Уредникот на Македонската Новинска Агенција ОхридСкај, Сашо Денесовски.

За потсетување ,Денесовски беше нападнат крвнички  со метални шипки на ден 05-11-2015 година во 2,30 часот во дворот на неговиот дом , при што се здоби со тешки телесни повреди,но и благодарение на неговата присебност,да се сокрие во неговото возило спаси жива глава.

За Обвинителот Воислав Димовски ,Обидот за убиство не е“ кривично дело кое се гони по службена должност,ако беше убијан Денесовски , повторно можеби истиот овој обвинител,ќе проценел дека можеби Денесовски бил толку упорен што непрестано се мавал со метални шипки по глава ?!

За ваква ли правда говори Никола Груевски? Ова ли е неговиот независен правен систем, Независно Обвинителство? Толку ли му се потребни Уличари и убици за да останат на власт??? Не бре Никола Груевски , ќе одгопварате сите до еден.

Воислав Димовски е поставен за обвинител како кадар на ВМРО ДПМНЕ,од како претходно беше адвокат.Истиот тој ,на повеќе наврати службено се заканувал на уредникот на ОхридСкај да повлече Кривична Пријава против екс началник на СВР Охрид ,кој му се заканувал,извадил пиштол во познат охридски Хотел.

За напомена лицата кој го нападнаа со метални шипки Денесовски ,се блиски роднини на екс началникот на ЦПС на МВР Јордан Размоски,кој е и нарачател на претепувањето на Денесовски , лице кое е опфатено во “Бомбите“предадени во СЈО,како и лице ,кој ззедно со извршителите пред 4 години извршија физички напад врз лица во ресторанот “Фонтана ’ во Охрид.

До кога бре Груевски? Каде си сега Пеце Аневски и твојот Совет на Обвинители??

ОхридСкај-

photo 1