Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL

Си-Ен-Ен: Богатите белци гласаа за Трамп

trump-pari-cached

Републиканецот Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД пред се со гласови од белци, бидејќи Американките биле понаклонети на кандидатката на демократите Хилари Клинтон, јави Си-Ен-Ен.

Според првите податоци, што се однесува за полот, 53 отсто мажи дале глас за Трамп, додека 54 отсто жени гласале за Клинтон.

Помладите гласачи мнозинство гласале за Клинтон, а постарите од 45 години воглавно за Трамп.

Си-Ен-Ен зеле предвид и материјална состојба на гласачите – Трамп добил гласови главно од оние кои имаат поголеми материјални примања.

Либералите гласале за Клинтон, конзервативците за Трамп.

– Говорите на Трамп за мигрантите и муслиманите зеле данок, па за него гласале воглавно белци, додека Клинтон приграбила симпатии на црнците и Хиспаноамериканците, наведува медиумот во извештај.