Број на текстови објавени денес: 56
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Се самоуби актерка од „Закон и ред“

%d0%bb%d0%b8%d0%b7%d0%b0-%d0%bb%d0%b8%d0%bd-%d0%bc%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%b5%d1%80%d1%81

Американската глумица Лиза Лин Мастерс е најдена мртва во хотелска соба, за време на гостување во Перу. Според првичните информации, актерката се обесила со здолниште, во плакар.

Лиза Лин Мастерс (52) е најдена мртва во хотел во Лима, а од полицијата соопштиле дека актерката патела од депресија. Во собата на актерката биле пронајдени антидепресиви и две писма што наводно откривале во каква сотојба била.

Нејзините пријатели направиле страница на социјалните мрежи преку која собираат помош за нејзиното тело да биде префрлено во САД.

Мастерс имаше улоги во сериите „Закон и ред“, „Грдата Бети“ и „Озборувачка“.