Број на текстови објавени денес: 59

СДСМ: Ни една куќа не е гасифицирана во Скопје, успехот на Струмица го излудува Груевски!

%d0%b7%d0%b07

Најголемата болка на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се Струмица и Куманово, единствените два гасифицирани града во Македонија.
Тоа за што Гуевски не беше способен да го направи со гасификацијата, во Струмица и Куманово е веќе реалност неколку години. Граѓаните, општинските институции и фирми ги користат бенефициите од евтиниот енергенс и имаат заштеди. На гас се греат училиштата во Струмица со огромни заштеди од по 60%. Заштеди имаат и фирмите кои поради тоа се и поконкурнетни на пазарот. Сето ова го немаат другите училишта, институции и фирми во Македонија поради тендер политиките на власта на Груевски којашто ја интересираат замо провизии од незавршените делници, велат од СДСМ.

„За десет години додека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се на власт, ниту една куќа во главниот град не е гасифицирана. Во Струмица над 200 домаќинства веќе користат гас и плаќаат цена како што плаќаат и граѓаните на Белград, Софија… За успешноста на гасификацијата во Струмица доказот го крие Министерството за финансии кадешто има документи кои покажуваат дека Светска банка го поддржа проектот со 5 милиони евра, но од поранешниот министер Ставрески беше спречена реализацијата! Со парите со коишто се изгради Триумфалната капија можеа да се гасифицираат 5 до 6 града во Македонија“, се наведува во соопштението.

СДСМ вели дека после 11 декември гасот ќе биде достапен во 32 града во Македонија.