Број на текстови објавени денес: 1
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

САД ќе му помага на Косово во борбата против насилниот екстремизам

%d1%81-%d0%ba4

САД и Косово денеска потпишаа Договор за соработка во борбата против насилниот екстремизам.

Договорот претставува „рамка за соработка меѓу службата на премиерот, Амбасадата на САД во Приштина и Обединети нации во проект за базична оценка на странски војници кои доаѓаат во Косово или поврзани со него“.

Проектот ќе работи за спречување на радикализација во затворите или заедници, спроведување дејности за дерадикализација и реинтеграција и развојна стратегија во борбата против екстремизмот во Косово, се наведува вели во соопштение.

Косовските власти трвдат дека ниту еден жител на државата не заминал да се бори во Сирија или во Ирак во изминатата година, но околу 70 граѓани најверојатно се веќе борци во тие држави.