Број на текстови објавени денес: 1
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Рускиот министер за економски развoј доби два месеци притвор

432567-priveden-ruskiot-minister-za-ekonomija-pod-somenie-za-potkup-1

Судот му одреди двомесечен домашен притвор на рускиот министер за економски развој Алексеј Улјукаев, обвинет за мито од 2 милиони долари.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека она што се случило е удар и за Владата и за власта и нагласи дека никој од министрите до губернаторите нема имунитет кога се работи за корупција.

Медведев истакна дека е потребно да се спрoведе детална истрага и нагласи дека не може да сфати што се случило.

Улјукаев денеска пред судот ги отфрли обвинувањата, истакнувајќи дека целосно ќе соработува со истражителите.

Неговиот адвокат рече дека нема докази дека примил мито, додека медиумите пренесуваат, повикувајќи се на материјали од судот, дека двајца сведоци сведочеле против него.

Портпаролката на рускиот Истражен комитет изјави дека Улјукаев е обвинет за примање мито од 2 милиони долари, во амена за дозвола за купување на 50 рпоценти државни акции во нафтената компанијата Башњефт од страна на компанијата Росњефт.

Се работи за изнудување мито заедно со закани упатени до претставниците на мнозински државната компанијата Росњефт. Тој бил фатен на дело при примањето пари.

За ова дело на Улјукаев му се заканува затворска казна од 8 до 15 години.

Инаку ова е првиот висок функционер кој е уапсен од распадот на Советскиот сојуз во 1991 година.