Број на текстови објавени денес: 59

РЕАЛНО, ВИСТИНАТА ОД КОЈА ТРЕБА АНТОНИО МИЛОШОСКИ И ГРУЕВСКИ ДА НЕ СЕ ПОЈАВУВААТ ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА

milosevski

Деновиве Антонио Милошоски и неговиот ментор Никола Груевски,како тие , така и преку своите медиумски мегафони ,неможејќи да се помират дека се фатени живи како договараат продажба на името ,нешто што можевме да го слушниме во проектот „Вистината за Македонија“. Милошовски – Груевски ,она што тие сакале да го прават сега , по народната држтего лоповот, тие со теза дека некој барал да се ревидира Уставот на Р.М, двојазичност на цела територија и слични глупости, дури забеганоста замина и во училниците по основните училишта,сликата на „шефот“?!

Но , нели вистината е како шило?? Секако , редно е да ги потсетиме Антонио Милошовски и Никола Груевски како на локалните избори во 2013-та година ,во договор со нивниот коалиционен шверцерски партнер Али Ахмети го продадоа Кичево. Секако дека во пазарот за Кичево беше вклучена целокупната пропагандна машинерија на ВМРО ДПМНЕ,каде главната роља ја одиграа Илија Китаноски и Ташко Деспотоски, но секако и носителот на изборната листа за изборна единица 5 Антонио Милошоски.Видеото кое го позајмивме од редакцијата на A1on.mk, е снимено веднаш после локалните избори во 2013 година кога во кичево победува Дехари , а Груевски за да ги смири граѓаните на Кичево се појавува во Кичево , некако мора да се испере валканиот договор Груевски -Ахмети,алиби мора да се пронајде за наводниот пораз!! Полнеле од ДПМНЕ низ Макеоднија изборни кутии,делеле лични карти , исто тоа го правело и ДУИ за нивни потреби , и тоа бил тајниот договор помеѓу Ахмети и Гриевски , но она што остана дел од тајната на необјавените бомби е фактот што ,како за Кичево така и за неколку други општини ВМРО ДПМНЕ дало согласност до своите истурени први играчи да ги подржат кандидатите на ДУИ , додека полицијата имала наредба да не превзема никакви дејствија во тие средини доколку се добијат било какви оперативни сознанија за нерегуларности ,или за инциденти ,едноставно, тоа требало да се остави да си го решаваат албанците помеѓу себе!!

На приложеното видео , ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ ОБРАТЕТЕТ ОД 25 СЕКУНДА ,ПА СЕ ДО КРАЈ.Ќе видете припадник на МВР во цивилна униформа , со ранец на себе ,кој во ранецот носи Автоматска пушка.Да потсетиме , тогаш при посетата на Груевски на Кичево ,настана сеопшт револт на граѓаните на Кичево , и од таа причина тогашниот премиер Никола Груевски едвај беше извлечен од насобраната толпа народ до гарнизонот на АРМ во Кичево.

За каква продажба на име , двојазичност, ревидирање на Устав говори Антонио Милошовски и со кој образ ??Обратете посебно вниманије од 25 секунда на видеото до 34 секунда.

Антонио Милошоски на овие избори настапува со иста реторика и со исти ветувања ,кои и пред охриѓани,стружани, кичевчани,битолчани ,но и на парламентарните избори во 2014 година ветуваше вработувања , помош на бизнис секторот,инвестициски бум, но Милошоски едно говори , но друго работи ,исто како и Груевски. Вистината е како шило,таа е излегува секогаш на површина ,но истата е болна .

Милошевски и Груевски на голема врата пропагираат изградба на ТИР Зоната во Кичево каде ја сместиле фирмата КСК која ќе произведувала Сигурносни појаси! За да ја оставраат својата цел на фамилијата и фамилијарниот бизнис.

За таа цел ВМРО ДПМНЕ ги затвори преку ноќ двете најголеми фирми за производство на Сигурносни појаси на Блаканот АМАК СП Охрид (Екс Застава Херој Тоза Драгоевиќ) и СИПО во општина Белчишта. АМАК СП ,која покриваше 80 % од побаруваќката на Сигурносни појаси на пазарот на производтво на возила и автобуси во Руската Федерација, како и 5%  добавувачи на европаската авто индустрија. АМАК СП кој имаше вработено над 3500 граѓани на Охрид ,денес истата таа влада на Груевски го претвори во пустош.Како ќе објасне Груевски и Милошовски ,дека извршителите продавале и сечеле машини за по 100.000 денари ,а чија пазарна вредност изнесувала над 3.000.000 евра??АМАК СП во својот состав имаше и наменска воено индустриско производтво , и тоа го раскрчмиле , го исекле на парчина , додека се што можеле да преселат по приватните фирми на „фамилијата“ преку извршители ги земале за смешни суми со полициска асистенција!Тоа ли е РАЛНАТА ПРЕРОДБЕНИЧКА КРАЖБА? Исто така и фабриката СИПО во Белчишта општина Дебарца која запослуваше над 200 работници од општина Дебарца , и нејзе ја ставија под клуч и ја распродадоа,зошто нека одговорат РЕАЛНО , зошто покрај АМАК СП и СИПО како нивни коперанти во процесот на производство се јавуваа уште стотина мали фирми,кој останаа без работа што додатно без работа остана над 1000 семејства!

Како ќе објасне РЕАЛНО Антонио Милошоски ,дека во неговото родно Кичево се затворија и уништија најголемите капацитети ,како Тане Цалески,Унион,превозната компанија „ЖАС“ и други, Осломеј наместо руда произведува печурки, тоа ли е РЕАЛНОСТА на ВМРО ДПМНЕ?!

Реално , направија пустош , од западна Македонија направија пустина , ничија земја !

Охридскај