Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL

Путин: Вознемирени сме од донесувањето на одлуките во НАТО

%d0%bf%d1%83%d1%82%d0%b8%d0%bd29

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва ќе преземе соодветни мерки како одговор на проширувањето на НАТО, пренесуваат руските медиуми.

– Зошто реагираме толку емотивно на проширувањето на НАТО? Затоа што сме вознемирени од донесувањето на одлуките во НАТО -изјави Путин во интервју за Руската телевизија, што ќе биде емитувано денеска.

Претседателот на Комисијата за одбрана на Советот на федерацијата, Виктор Озеров, изјави дека Русија во Калининградската област ќе размести ракетни комплекси „С-400“ и балистички ракетни системи „Искандер“.

Според него, одлуката за разместување на ракетите е рускиот одговор на изградбата на американски ракетен штит во Европа.