Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Промоција на монографијата на Павле Кузмановски

pavle-photo

Во културниот центар на манастирскиот комплекс во село Лешок, утре во 12 часот ќе се одржи промоција на монографијата на Павле Кузмановски, во издание на „Матица македонска“ од Скопје.

По овој повод ќе биде отворена изложба на дваесетина слики од познатиот автор, создадени во последниве години. За монографијата и за сликарскиот опус на Кузмановски ќе говорат Ѓорѓи Филипов, Ефтим Клетников, Паскал Гилевски и Јован Дамјановски.