Број на текстови објавени денес: 2
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Промоција на книгата „Слика.Облик.Сон“

%d1%81%d0%be%d1%811

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ утре во 19 часот ќе биде промовирана книгата „Слика.Облик.Сон“ од истакнатиот македонски поет, есеист и преведувач, Ефтим Клетников.

На над 400 страници авторот пишува за значајни појави и личности во сликарство, со посебен осврт на македонските сликари: Љубомир Белогаски, Трајче Јанчески, Илија Аџиески, Васко Ташковски, Павле Кузмановски, Глигор Чемерски, Петар Попчев, Ниче Василев, Владо Георгиевски, Владимир Темков, Омер Калеши, Решат Амети и др.

Промотивна реч за најновото дело на Клетников, ќе одржи проф.д-р Христина Николовска, а настанот ќе биде збогатен со музички перфоманс на Васил Атанасов и Драган Даутовски.