Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Промени во грчката Влада

grcija-cipras1

Државниот совет на Грција синоќа одобри промени во составот на некои министерства, односно создавање на четири нови министерства и преименувањето и реорганизација на други, кои ќе се спроведат преку два претседателски декрети изготвени од страна на премиерот Алексис Ципрас.

Промените нема да бидат направени веднаш, туку откако ќе бидат одобрени претседателските декрети, премиерот Ципрас ќе може да изврши реконструкција на Владата во време за кое ќе процени дека е најсоодветно.

Измените вклучуваат создавање на независно Министерство за миграциска политика, Министерството за дигитална политика, Министерството за енергија и Министерство за административна реформа. Министерството за туризам ќе се реконструира. а ќе се сменат имињата и на други министерства.

Новото Министерство за миграциска политика ќе се формира од секретаријати од Министерството за внатрешни работи и административна реформа, односно од секретаријатите за миграциска политика и за прием и регистрација. Вработените кои работат во независните услуги за азил, во органите за бегалците и директоратот за финансиски услуги за миграциска политика ќе бидат префрлени во Министерството за миграциска политика од поранешното Министерство за внатрешни работи.

Министерството за дигитална политика ќе биде создадено од Генералниот секретаријат за дигитална политика со префрлање на вработените од истиот секретаријат.

Министерството за туризам, кое во 2015 година беше споено со други министерства, повторно ќе стане независно, и сите одговорности, услуги и персоналот од старото Министерство за туризам ќе бидат префрлени од досегашното Министерство за економија, развој и туризам.

Ќе се формира и Министерството за енергетика, кое ќе биде одвоено од досегашното Министерство за животна средина и енергија, а ќе се состои од генералните секретаријати за енергетика и минерални суровини. Тоа ќе биде задолжено за надзор на телата и агенциите во енергетскиот сектор, што претходно беше под надлежност на Министерството за животна средина и енергија.

Со измените ќе има и Министерство за административна реформа кое ќе го преземе надгледувањето на сите субјекти кои претходно биле под надзор на Министерството за административни реформи и електронско управување од 2015 година.

Министерствата кои ќе бидат преименувани се: Министерството за внатрешни работи и административна реформа ќе биде преименувано во Министерството за внатрешни работи, За Министерството за економија, развој и туризам ќе биде преименувано во Министерство за економија и развој, Министерството за животна средина и енергија ќе биде преименувано во Министерството за животна средина, Министерството за инфраструктура, транспорт и мрежи ќе биде преименувана во Министерство за инфраструктура и мрежи, Министерството за ќе биде преименувано во Министерство за бродска трговија, транспорт и островска политика.