Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Прогласени најдобрите каратисти за 2016 година

%d0%ba%d0%b0%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b51

Македонската традиционална карате федерација (МТКФ) денеска на пригодна церемонија ги прогласи најдобрите за 2016 година.

Во сениорска категорија признанието го доби Дејан Недев кој по 20-ти пат е пргласен за најдобар каратист на Македонија. Признание доби и Матеј Ангеловски кој исто како и Недев имаше забележителни настапи на меѓународните натпреварувања.

Во женска конкуренција победничка е Јадранка Недева.

Во младинска конкуренција наградите отидоа во рацете на Бојан Богдановиќ и Ивона Лаушевиќ.

Награди во јуниорска конкуренција добија: Огнен Тасевски и Берта Милевска.

Најдобри кадети се Мила Саздова и Јана Милевска, додека најдобри каратисти деца се Антонија Белазелкоска, Јелена Дробниќ, Мила Младеновска и Иван Трпковски.

Посебни награди за придонес и развој на традиционалното карате добија претседателот на МОК, Васил Тупурковски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, конзулот на Бугарија во република Македонија Венцислав Цветанов, проф. др. Мери Трајковска, од медиумите Иван Мирчевски, Снежана Китанчева и Гоце Андреевски, Александар Синадиновски од Спорт – М и Симона Костадинова од Горска Кодинг.

Најдобри судии се: Аљоша Недев, Ристо Сакалиев и Антонио Зврцинов.

Селекторот на македонската репрезентација Венцислав Недев го доби признанието за тренер на годината.