Број на текстови објавени денес: 15
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Први натпревари од четвртфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија

fudbal-kup-na-makedonija1

Во фудбалскиот куп на Македонија, денеска ќе се играат првите натпревари од четвртфиналната рунда.

Најинтересно се очекува да биде на дуелот кој ќе се игра на стадионот во скопската населба Чаир, каде Шкупи го пречекува актуелниот бранител на трофејот во ова натпреварување Шкендија.

Пред неполн месец, во двата првенствени дуели кои ги одиграа овие две екипи за само седум дена, екипата на Шкупи најнапред славеше победа во Тетово, а во Скопје мечот заврши без голови по што следуваше промена на тренерската позиција во тетовската екипа.

Шампионот Вардар, рехабилитација од неделниот поразот од Работнички, ќе бара во Автокоманда против второлигашот Металург.

Во Прилеп, кај Победа ќе гостува штипска Брегалница, а во Битола, Пелистер ќе го пречека Силекс.

Сите натпревари ќе започнат во терминот од 13 часот и 30 минути, додека реванш натпреварите ќе се играат на 7 декември.