Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

По 40 години принцезата Леа откри дека имала афера со Харисон Форд ФОТО

harison-ford-keri

Речиси 40 години чекала Кери Фишер, односно принцезата Леа од „Војна на ѕвездите“ да открие нешто што мислела дека никој не го знае, дека во текот на снимањето на легендарниот филм имала афера со Харисон Форд, односно со Хан Сол.

Поточно, Кери Фишер имала афера на сетот со Харисон Форд и кога камерите ќе се изгаснат. Тие двајца се забавувале во 1976 година во Лондон, кога Кери имала 19 години, а Харисон 34 и сопруга. Кери се надевала дека поради неа ќе се разведе, но тоа, сепак, не се случило. Нивната афера траела три месеци.

„Беа Хан и Леа преку неделата, а Харисон и Кери преку викенд. Гледав во него, херојската фаца со неколку прамени коса кои му паѓаа преку неговото чело… Како само можев и да сонувам дека тој извонреден човечки примерок ќе се загледа во некој како мене“, напишала Кери.