Број на текстови објавени денес: 45
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Потрошени 14 милиони фунти за лекување на Шумахер

michael-schumacher
Медицинската сметка за лекување на возачот на Формула 1, Михаил Шумахер, кој доживеа несреќа на скијање и е парализиран од декември 2013 година, до сега изнесува околу 14 милиони фунти, објави „Дејли мејл“.

Според проценката, на неделно ниво за третман на 47-годишниот Шумахер потребни се околу 115.000 фунти.

Според медиумски извештаи, за здравствената состојба на Михаил Шумахер се грижи тим од 15 врвни лекари, во неговиот дом во Женева, Швајцарија.

Михаил Шумахер се повреди пред три годиниа, на 29 декември 2013 година, за време на скијање на француските Алпи, по што беше во кома цели шест месеци. Тој скијал со својот син Мик кога се случила несреќата. Докторите извршија операција за да отстранат згрутчувања од неговиот мозок, но дел биле оставени зашто биле многу длабоко во ткивото.
Нема детални информации за неговата здравствена состојба во моментов, бидејќи неговото семејство одбива да даде информации. Од семејството само изјавиле дека неговата здравствена состојба е „приватна работа“.
– Здравјето на Мајкл не е работа од јавен интерес и затоа и во иднина нема да даваме изјави на темата. Мора да ја заштитиме неговата приватност. Мајкл секогаш го штител својот приватен живот, дури и за време на најуспешните моменти од кариерата. Секогаш сакаше да се знае границата меѓу неговиот професионален и приватен живот – посочил менаџерот на Шумахер.

Шумахер е роден во Хурт, Западна Германија. Кога имал 4 години, неговиот татко го модифицирал неговиот квадрицикл додавајќи мал мотор. Кога Шумахер удрил во столб, родителите го однеле на стаза за картинг во Керпен-Хорем, каде тој станал најмладиот член на картинг клубот. Неговиот татко набрзо му изградил картинг од отфрлени делови и на шест годишна возраст Шумахер го освоил својот прв клубски шампионат.За да го подржува тркањето на синот, Ролф Шумахер зел втора работа изнајмувајќи и поправајќи картинзи, додека неговата жена работела во мензата во тркачката стаза.