Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

ПОТКУП ОД 7МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ОХРИД,15 ЗА БИТОЛА И СО ЕДЕН ВО РЕСЕН ВМРО ДПМНЕ ЌЕ ЈА КУПУВА ДОВЕРБАТА НА ГЛАСАЧИТЕ

imgres

Изборен поткуп,фиктивни вработувања , закани , уцени,се само дел од арсеналот на валдеечката партија ВМРО ДПМНЕ во петата изборна единица ,каде носител на листа е Антонио Милошоски. Посебен акцент ВМРО ДПМНЕ има ставено на два градови и тоа Битола и Охрид . За да ја остварат својата намера од ВМРО ДПМНЕ веќе во Битола и Охрид испратени се дел од криминалното миле на МВРО ВМРО ,кој треба да внесат страв кај населението, а воедно да бидат логистичка помош на партиските активисти на ВМРО ДПМНЕ , доколку затреба да се спасуваат од локалната полиција.

Се оди од дом до дом , во Охрид дури и поголем дел на полициските службеници ,посебно од одделот на Крим Полиција ,приметени се како одат по локалното население ,влегуваат во нивните домови и го уценуваат наслението да гласало за ВМРО ДПМНЕ во спротивно , ќе си имале со нив работа??Исто така во Охрид е забележан масовен поткуп на гласачи ,а во некој средини на Охрид гласот постигнал цена и до фантастични 100 евра за глас,посебо во населбите Лескајца, Воска, додека се одело и по список од ЦСР Охрид ,кај примателите на социјална помош и примателите на нега за трето лице, каде биле уценувани, или ќе гласаат за ВМРО ДПМНЕ, или во спротивно ќе им бидела укинат паричниот надомест.

Охрид во вечерните часови врие од возила од Министерството за Одбрана, УБК,Транспорт и врски .овие лица кој во името на партијата ВМРО ДПМНЕ користат службени државни возила ,во вечерните часови се движат по прицип на заштитна двојка , поточно се таму  на оние места ,каде е претходницата на локални активисти на ВМРО ДПМНЕ ,тие се своевидна нивна заштита. По проценките до кој дојде редакцијата на Охридскај,само во Охрид за поткуп на гласови во оптек се над 7.000.000 евра,Ресен 1.000.000 евра , додека Битола ја покривале со над 15.000.000 евра.Како што дознава ОхридСкај ,парите биле обезбедени од лицата кој претходно дебело се омрсиле во изминативе десет години,а сега морале да извадат од украдените пари ,кои ги накалапиле додека биле на позиции.

Во 5-та изборна единица ,ударни ќе бидат Охрид и Битола,додека Ресен бил за нив решен проблем , таму се повикувале сите овоштари кој претрпиле штети од замрзнувањето кој го зафати овој реон во мај месец ,и им се нудело по 1500 евра како надохнада во кеш, поточно ВМРО ДПМНЕ сакала лично да ги обештети, но мораат да гласаат за нив по принцип 4+4+4.

Исто така редакцијата на ОхридСкај дознава ,дека целокупниот потенцијал ,материјлен и финасиски на општините Охрид и Битола е ставен во функција на ВМРО ДПМНЕ.Градоначалниците добиле задача да ги исполнуваат и невозможните барања на граѓаните , доколку тие се согласат да го дадат гласот на партијата на власт!!

Срамни избори во 5-та изборна единица.

Продолжува

Охридскај