Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Поднесена инцијатива за Вонредно собрание на МКФ

timthumb127

Дванаесет клубови членови на Собранието на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) денеска поднесоа барање за одржување на Вонредно собрание на МКФ. Во доставеното барање до канцеларијата на МКФ се бара претседателот на МКФ, Петар Наумоски да свика Собрание за надминување на проблемите.

Иницијативата е поткрепена со 12 потписи: од осум прволигаши (МЗТ Скопје Аеродром, Карпош Соколи, Работнички, Струмица, Пелистер, Кожув, Фени Индустри и Куманово), без Вардар и Охрид, три екипи од женската лига (Бадел 1862, Клубски-Делчево и МНА-Кавадарци) и од еден второлигаш (Радовиш).

Во барањето подносителите ги одредија и точките на дневниот ред , а една од нив е и за разрешување на актуелниот претседател на МКФ Наумоски и избор на нов. За оваа функција неофицијално се споменува Бобан Јосифовски поранешниот комесар, кој пред две години токму од екипите подносители на барањето беше разрешен од функцијата која тогаш ја извршуваше.

Наумоски кој останува цврсто на ставот за поголема шанса на македонските играчи, сега има рок од 14 дена да го свика Вонредното собрание, во спротивно самите клубови иницијатори ќе можат да го организираат истото.