Број на текстови објавени денес: 0
image003
image003

Повреден камионџија на патот Охрид-Кичево

soob(12)

На магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на месноста „Разделна“, вчера утро, се случила сообраќајна незгода во која Н.Д. (58) од Прилеп, управувајќи камион „фургон“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата тој се здобил со тешки телесни повреди. Подоцна е згрижен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Истиот ден на регионалниот пат Берово – Делчево, кај месноста „Балбанци“, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М. (26) од Струмица и автомобил „фиат пунто“ со штипски регистарски ознаки, управувано од И.С. (46) од село Црник. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на „пунтото“ и негов совозач.