Број на текстови објавени денес: 39
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Пингвин ја „уловил“ сопругата со друг, па крваво се степале ВИДЕО

pingvini

Пингвините се необично слатки, па затоа никој не би очекувал дека поради љубомора можат крваво да се степаат. Но, видеото на „Нешенл џиографик“ коешто неодамна стана вирално покажува детален увид во прељубничката афера, крвавата битка помеѓу двајца соперници и понижувачкиот крај.

Тепачката меѓу пингвините избила кога „сопругот“ пингвин се вратил дома и ја нашол својата партнерка со друг пингвин. По почетната тепачка, ја повикале женката да го одбере победникот, а таа го избрала љубовникот. Изневерениот пингвин збеснал, бидејќи останал без партнерката и децата и одлучил да му се одмазди на љубовникот. Тепачката продолжила, сепак, изневерениот пингвин бил поразен и морал да се откаже.

– Таа нема време за губитници – коментирал драматично нараторот, па заклучил дека има „уште многу риби“ во колонијата од 250.000 пингвини.

Корисниците на интернет останале шокирани поради тоа што брачните несогласувања помеѓу пингвините можат да бидат достојни на најдраматичните сапуници и не можат да престанат да зборуваат за видената сцена. Видеото на „Нешенел џиографик“ е споделено над 240.000 пати и предизвика бура од коментари во кои корисниците на социјалните мрежи изразија згрозување, бидејќи женката го одбрала љубовникот и му дадоа поддршка на изневерениот пингвин.