Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Партија на пензионери: Аргировски ги изневери пензионерите

%d0%bf%d0%b0%d1%80%d1%82%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%b5%d0%bd%d0%b7%d0%b8%d0%be%d0%bd%d0%b5%d1%80%d0%b8

Драгослав Аргировски, во својство на претседател на Сојузот за здруженијата на пензионери (СЗПМ), грубо ги крши одредби од Законот за здруженија и фондации кои се однесуваат на непартиско дејствување на здруженијата, како и Статутот на СЗПМ, обвини Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ).

„Аргировски се обиде да тргува со гласовите на пензионерите и да го втурне СЗПМ во функција на изборна кампања, потпишувајќи Меморандум за соработка со ВМРО – ДПМНЕ непосредно пред отпочнување на изборната кампања за вонредните избори закажани за 11 декември“, стои во соопштението на партијата.

Од Партијата на пензионери додаваат дека со  потпишување на „Меморандум за соработка“ помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СЗПМ, Драгослав Аргировски ја преминал црвенета линија и  го разобличил своето делување.

„Со тоа испровоцира револт и огорченост кај огромен број пензионери,особено што тој никогаш го немал монополот да се претставува како предводник на пензионерите во Република Македонија“ – стои во соопштението на ПОПГМ.