Број на текстови објавени денес: 2
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Панчевски сам си ја урива дивоградбата (ВИДЕО)

timthumb-php9

Претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски почна сам да си го урива нелегално доградениот објект откако вчера Општина Центар најави дека потпишува договор со фирма која треба да постапи по барањата на градежните инспектори.

Нејасно е зошто Панчевски почна со уривање самиот, кога во медиумите пласираше информации дека градоначалникот Андреј Жерновски врши хајка против него и дека доградбата е легална.

Од Општината вчера појаснија дека се чека уште потпишување на договор со фирмата која треба да ја урива доградбата, што утрово било потпишано од градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски