Број на текстови објавени денес: 64
DVE-LIRI-Baner6-970x90

ОХРИД ГРАД НА СВЕТОСТА ,ВО РАМКИ НА НЕСВЕТОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА (НЕ)КУЛТУРА НА КАМЧЕСКА ?!(ФАКСИМИЛ)

%d0%bb%d0%b0%d0%b2%d1%80%d0%b0

„АКТУЕЛНИТЕ ПРОБЛЕМИ НА ИСТОРИЈАТА И ТЕОРИЈАТА НА УМЕТНОСТ“, под овој наслов од 11-ти до 15-ти Октомври во Санкт Петербург во Руската Федерација ќе се одржи Седмата Интернационална конференција , на која од страна на која како почесен гостин -предавач од страна на престижниот Универзитет Михаил Василевич Ломоносов, беше поканет познатиот Историчар на Уметност-Советник Гоце Ангеличин -Жура. Она што , секоја држава би го посакала ,да ја докаже и покаже својата култура, секако дека во нашата Македонија ,нема значение! За Министерката Елизабета камчевска Милевска , побитно вероватно би и било ,како да излезе на вестите на Сител , со некое си камен темелниче, одколку Макеоднија да биде преставена пред целиот свет, во своето право издание!

Но Би сакале да појасниме многу нешта , од онаа права историја , не она „преродбеничката“ од поединци од црниот „ГДОМ“, кој пишуваат некој нови страници на историја , кои ни тие самите ниту знаат што напишале , што објавиле, дури и сами кога читаат што напишале , си се смејат ,колкава глупост стресиле, а за тоа дебело наплатиле од државната каса?!Нели Забеганоста нема крај Госпоѓа Министерке ?, доколку Бранислав Нушиќ би творел во оваа време , сигурно „ Госпоѓа Министерка“ би ја посеветил на Вас,камческа Милевска!

камческа Милеска ,Христијанските споменици во Македонија ги исполнуваат најблескавите страници од историјата на народите кои живеат во срцето на Балканот, сведочејќи за богатото и величенствено милениумско напластено културно наследство. Во ова наследство лежи христијанството, државната религија на Римската Империја, утврдена според убедувањата на Византиските цареви за Божјата промисла во нивниот избор и за моќта и славата на државата водена од нив со Божји благослов.
Во Македонија а посебно во Архиепископската престолнина Охрид се осведочени зданија од почетокот на христијанството III век, па се до зрелата Византиска Црковна Архитектура од X до XIV век.
Секој од овие храмови е ризница на сликарската индивидуалност, изградена на сопственото чувство за верата и врз традицијата која што пропишувала правила за сликовитите библиски приказни и ликовите на Светителите.
Испреплетената историја на црквата и држава е посведочена во портретите на најзначајните претставници, почнувајќи од оние со широко екуменско значење – Римските Папи и Поглаварите на највлијателните источни христијански цркви, и на оние што и обезбедија исклучително место на Охридската Архиепископија во Екумената, започнувајќи од словенските првоучители Светите Кирил и Методиј и нивните ученици Светите Климент и Наум.
Многубројните средновековни споменици сочувани во Охрид и во неговата непосредна околина укажуваат на постоење на мошне жива културна дејност која е изградена не само низ архитектонските објекти, ами и во сложениот урбан комплекс на градот Охрид како целина.
Интензивната изградба на култни црковни објекти пред се се дожи на постоењето на Охридската Архиепископија, која најповеќе делува и како многу значаен фактор за зачувување на автохтоните традиции. Таа започнува да се развива со делувањето на епископите Климент и Наум Охридски, непосредните ученици на Солунските браќа Кирил и Методиј, времето кога Охрид станува значаен културно – просветен центар.

Седмата Интернационална конференција, во организација на најпрестижниот универзитет ЛОМОНОСОВ, ние,како Мекдонија  ке презентираме повеќе карти со најновите археолошки откритија, или вкупно 20 Ранохристијански базилики и 43 Средновековни цркви а исто така ке беседевме и за најубавите раритетни и импресивни мозаични декорации како, и за новооткриениот уникатен фрескоживопис….
Веднаш по доставеното писмо за намери до престижниот Руски универзитет ЛОМОНОСОВ, од страна на Гоце Ангеличин – Жура, не поминаа ниту 24 часа , кога од страна на Универзитетот Ломоносов беше известен Гоце Ангеличин – Жура,дека ќе им биде чест неговото присуство на Седмата Интернационална конференција,под работен наслов : „АКТУЕЛНИТЕ ПРОБЛЕМИ НА ИСТОРИЈАТА И ТЕОРИЈАТА НА УМЕТНОСТ“, од како Експертите од престижниот Универзитет „Ломоносов“ ја увиделе скратената верзија на тематиката на која Гоце Ангеличин -Жура ќе ја образложи пред научната јавност на конференцијата , но и од кога ги увиделе картите со вцртаните споменици,само од стариот дел на Охрид (Варош),која во науката се нарекува Лавра.Затоа Охрид преставува град на СВЕТОСТА.
Македонија , благодареније на Министерството за НЕКУЛТУРА предводено од Елизабета Камчевска Милевска ,со одбивањето на барањето испратено од страна на Гоце Ангеличин – Жура, ја прокоцка единствената прилика да се Беседи за големото влијание на Македонија кон ширење на Православието и просветителската дејсност на Светите Климент и Наум, а со тоа Охрид и Македонија ,конечно да го добијат своето врвно место во Светското културно наследство.
Со ,самиот чин на Министерството за (не)култура,да се одбие едно скромно барање од еден врвен научник, за презентација на Макеоднското културно наследство во светски рамки ,Владата на ВМРО ДПМНЕ ,го покажа правото лице ,она,дека до Макеоднската историја , макеоднското битие , воопшто не водат гружа,за нив започнува се“ кое е врзано со ликот и делото на ВМРО ДПМНЕ од 2006 до денес??
За потсетување ,патувањата на Миленко Неделковски на роуд шоу во Кина ја чинеше Македонија 120.000 евра, за што ,за едно големо ништо??Тоа ли е преродбата?!
Во прилог Писмото со кое Министертвото за (не)култура го одбива барањето на Гоце Ангеличин – Жура,како и мапата на базилики во Охрид.
Редакција Охридскај-Сашо Денесовски