Број на текстови објавени денес: 26

Од 2017 година развод преку интернет

britanija-razvod

Британците кои сакаат развод на бракот повеќе нема да мораат да одат во судница и да се соочат со партнерот „очи во очи“. Според дополнувањата на Законот за семејство на Велика Вританија земја, од 2017 година разводот ќе биде можен по пат на  интернет. Двојките кои сакаат спогодбено да се разведат ќе одговараат на серија прашања за нивниот брак по пат на онлајн формулари. Во нив ќе се најдат прашања и за нивниот имот и децата.

Во иднина нема да има хартија ниту да се оди кај судии во судница за да се заврши процесот за развод. Но, веќе појавени се противници на оваа идеја кои тврдат дека ваквиот начин на развод ќе го девалвира бракот.

Од друга страна, поддржувачите и иницијаторите на овој предлог сметаат дека на овој начин ќе се направи заштеда на пари и време. Сепак, потешките случаи мораат да бидат завршени на традиционален начин на суд.