Број на текстови објавени денес: 0
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Обвинителството се повлече, Гаврилов од Канал 77 нема да оди во затвор

%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d0%b0%d0%bb771

Канал 77 информира дека по три години притисоци, финансиска полиција, кривична пријава и судски процес, денеска била потврдена неоснованоста на целиот циркус околу намерата управителот на радиото Горан Гаврилов да се смести зад решетки.

„Самиот факт што државата се замеша во чисто граѓанско – правен спор меѓу две компании, облигационен однос, јасно укажуваше на намерата, да се иницира кривична одговорност таму каде што ја нема, уште повеќе бидејќи стануваше збор за блокирање на сметката на фирма должник на радиото, кој што пак е во блиски релации со владејачката партија, а нејзиниот основач е директно поврзан со провладините медиуми“, соопшти Канал 77.

На денешното судско рочиште по сослушувањето на претставникот на „оштетената фирма”, преку која што се одвивале деловните активности како и доставеното вештачење од страна на одбраната на Гаврилов, адвокатите Мите Левков и Филип Медарски, Обинителството решило да го повлече овбиниението, затоа што било очигледно е дека нема основ за продолжување на постапката.

Инаку за потсетување, на Канал 77 му се судеше по пријава на финансиската полиција, која влезе во радиото откако беше блокирана фирма должник на радиото. Финансиската полиција побара деблокада и покрај тоа што се уште му должи на радиото.