Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL

Обама од Ципрас ќе бара да го симне ветото за Македонија во НАТО

obama-smiles2

Американскиот претседател Барак Обама за време на посетата на Грција, каде што пристигнува утре, ќе побара од грчкиот премиер Алексис Ципрас да го симне „незаконското“ вето за влез на Македонија во НАТО, да гласа за нови санкции против Русија и да ги затвори грчките пристаништа за руските бродови, објави бугарската агенција Бгнес,повикувајќи се на американската фондација Херитиџ.

Целите на оваа прошталната посета на Грција на претседателот во заминување Обама се одредени од Фондацијата Херитиџ која, според бугарската агенција, е столбот на неоконзервативните лидери на американската надворешна политика.

Агенцијата објави дека тие настојуваат Обама да побара три работи од Грција.

„Прво, треба да се даде поддршка на целите на Македонија. Цврстата позиција на Грција за името ја доведува во прашање политиката на отворени врати на НАТО. Грција треба да и дозволи на Македонија да влезе во НАТО што е предвидено и во договорите“, категорични се од Херитиџ Фондацијата, пишува Бгнес.

Посетата на Обама се случува во време кога Атина се надева на американска поддршка намалување на државниот долг кој достигна околу 320 милијарди евра.