Број на текстови објавени денес: 37
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Николовски: МЗШВ ги потврди сите скандали

%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-2

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го потврди скандалот со нефункционалноста на системот за администрирање и контрола на исплатата на субевнциите кој претставува основа за селективната исплата на субвенции и изборни манипулации во претходните години, реагира дополнителниот заменик  министер за земјоделство, Љупчо Николовски .

-Министертвото ги потврди и констатациите на ревизорот кои се однесуваат на нефункционалноста на истиот систем, но нема одговор и ниту еден збор за меморандумот што според законот и правилникот требало да биде склучен со Агенцијата за катасатар на недвижности заради користење на податоците за земјоделските парцели при исплатата на субвенциите- вели Николовски.

Тој наведува и дека Министерството потврди дека нема склучено меморандум со Агенцијата за храна и ветеринарство за користење на податоците за бројната состојба на животните и нивната идентификација од 2012 до 2015 година.

– Зошто се чекаше да поминат годините на избори, па Министерството и АХВ да потпишат договор за користење на податоците?
Ако се користеле само офис и ексел програмите како што тие велат, тогаш немало потреба да се трошат близу еден милион евра на граѓаните за систем кој не е во функција.Зголемувањето на процентите во изборната 2014 година на исконтролирани баратели за финансиска поддршка (од планираните 5% на 7,5%) јасно покажува дека се вршеле политички притисоци врз земјоделците- наведува Николовски.

Николовски прашува:
– Дали токму нефункционалноста на овој систем за кој се платени 778.000 евра средства од граѓаните за да се овозможи администрација и контрола на исплаќање на субвенциите на земјоделците, е токму причината за селективниот и клиентелистички пристап во распределба на субвенциите?Зошто ова се случува во 2013 и 2014 година, период кога имавме локални, претседателски и парламентарни избори?Јас и мојот тим нема да дозволиме било какви злоупотреби да се прават врз грбот на земјоделците во пресрет на изборите. Одговирност ќе има.Бескомпромисно и без калкулакции работиме и ќе продолжиме да работиме во нивни интерес – вели Николовски.