Број на текстови објавени денес: 26

Николовски: Кривична пријава за неодговорен службеник во Министерството за земјоделство

%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b832

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски, соопшти дека  поднесл кривична пријава против службеник во Министерството кој со своето незаконско работење ја оштетил државата и им нанел штета на закупците на земјодлеска површина.

Николовски, како што соопшти денеска, во пријавата се повикува на извештај на државниот ревизор кој се однесува на работењето на министерството за земјодлество за периодот 2013-2015 година.Во овој извештај се утврдени низа повреди на законите при давањето под закуп на земјоделска површина.

Во извештајот се наведува дека Комисијата која ја спроведувала постапката не вршела увид на лице место и не вршела инспекциски надзор на закупувачите и причините поради кои се раскинати договорите за закуп. Констатирано е дека подолг период не е собирана ниту закупнината.

Дополнителниот заменик министер посочува и на деловите од забелешките кои се однесуваат на работата на Комисијата за спроведување на постапката:

„Сите акти кои ги изработувала и потпишувала Комисијата за спроведување на постапка по еден оглас, кои се однесуваат на различни региони се заведувале под ист деловоден број и датум.

Не се водела грижа за целосна и навремена наплата на закупнината и неосновано се раскинувале договори за закуп на штета на закупците.

По раскинувањето на договорот за закуп, земјоделското земјиште не е вратено во првобитна состојба и не е составен записник за враќање во владение, односно утврдено е противправно користење на земјоделското земјиште во државна сопственост без плаќање закупнина.

Немало воведено апликација за водење на земјишен регистар, генерирање на потребна база на податоци за земјоделско земјиште, следење на соодветна наплата и подобрување и зголемување на инспекцискиот надзор“.

Николовски додава и дека се направени неколку пропусти при давање под закуп на површина од 10 хектари во 2014 година.

„Иако од страна на Комисијата за спроведување на постапка е даден предлог за поништување на целиот јавен оглас за површини до 10 хектари во 2014, бидејќи биле објавени површини поголеми од 10 хектари и како услов не бил утврден наведен материјална-техничка омпременост на понудувачот, министерот поништил една од постапките, иако во јавните огласи не била барана документација за докажување и материјално-техничка опременост како учество на огласот, а биле избрани најповолни понудувачи и склучени договори за закуп.

Биле склучени договори за закуп на површини над 10 хектари, а по објавен оглас во 2014 година, иако избраните најповолни понудувачи не доставиле банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот“.

Дополнителниот заменик  министер за земјоделство наведува и дека подолг период не била нсаплаќана закупнина.

-Не биле преземени мерки за наплата на закупнината, така што за периодот од 1999 до 2013 година се водат 282 субјекти за износ од 162.134.000 денари.Едно треба да биде јасно, секој што го прекршил законот мора да одговара. Ваквите злоупотреби мора да бидат санкционирани и за секоја повреда на законите, ќе следува одговорност – вели Николовски.