Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL

Николовски: За повеќе пари во секое семејство ќе има просечна плата (ВИДЕО)

timthumb-141

Денеска разговараме за граѓаните на Велес. Го претставуваме нашиот план за живот во Македонија. Минималната плата ќе ја зголемиме на 16 илјади денари, и таа ќе се однесува и за вработените во индустријата за текстил обувки и кожа. Вложениот труд мора да го цениме и да го почитуваме на работниците. И фирмите ќе ги поддржиме од оваа индустрија се со цел да исплаќаат минимална плата, изјави Љупчо Николовски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 3.

Секоја фирма за секое работно место ќе добие по 1900 денари. Уплатениот персонален данок од страна на работодавците за вработените за исплаќањето на минималната плата, ќе го враќаме назад на работниците.Тој наместо во државата ќе се исплаќа на работниците. Просечната плата ќе ја зголемиме односно ќе биде 30 илјади денари на крајот на нашиот мандат. За да во секое семејство, со двајца вработени има по 1000 евра, кој што ќе бидат доволни и неопходни за сите потреби на секое семејство, 140 милиони евра од нашиот план за живот во Македонија, предвидуваме за поддршка на домашните мали и средни компании.

Оваа подршка ќе се однесува за создавање и креирање на добро платени работни места. За фирмите да вработуваат и да исплаќаат просечна плата ќе обезбедиме по 108 илјади денари за вработување на невработено лице до 50 години, со услов да добива бруто просечна плата. По 162 илјади денари, за вработување на лица од ранливите категории на граѓани за да добива бруто просечна плата во државата.

И по 72 илјади денари за вработвање на лица од администрацијата ако му се исплаќа бруто просечната плата. За повисоки плати, за подобар животен стандард, за повеќе пари во секое семејство, ги повикуваме граѓаните, да гласаат за бројот 4, да одберат живот во Македонија – изјави Љупчо Николовски.